Над 4.000 вселенски бродови учествуваа во најголемата вселенска битка во историјата. Пет часовната борба заврши со 2.900 уништени бродови и штета која изнесува над 15.000 долари. Ова е кулминација на долгата кампања со која TEST Alliance ја изгуби доминацијата во 6VDT секторот.
Битката е дел од универзумот на EVE Online, популарната вселенска симулација од CCP Games. За одржување на волку голем настан, девелоперите мораа да ја намалат брзината на играта на 10 отсто од вообичаената брзина за помалку да ги оптоварат серверите, и да има можност за намалување на доцнењето (лаг) кое вообичаено е придружна појава на ваквите собири со над илјадници играчи. Целата борба беше поделена на сегменти, а кулминацијата на битката дојде по два часа кога CFC испрати голема флота составена од најмоќните бродови во играта. По овој напад, голем број бродови од TEST алијансата се повлекоа што резултираше со победа на CFC и нивна доминација во секторот.
[youtube]h9x8eYjUQzg[/youtube]
The fleet fight in 6VDT-H tonight is the largest ever in EVE, topping at 4070 pilots (so far). Previous was P-2TTL at 3615. #tweetfleet
— Erlendur (@erlendur) July 28, 2013
Повеќе од игра….сите други биле само игри…ова ти е брат СТРАШНО ако навлезеш! :)
Eve e super igra, samo bara da i posvetish mnogu vereme.
Najdobar pvp shto sum go videl do sega.