Спонзориран текст

InPlayer – тим кој постојано расте…и добро се забавува

Спонзорирано од InPlayer

во ИТ.МК, Спонзорирани, Статии

Малку компании во светот можат да се пофалат со фактот дека се глобални лидери во тоа што го работат. Едни од нив се InPlayer, иновативна софтверска компанија со експертиза за видео монетизација со седиште во Лондон, но со главен hub во Скопје.

Самото портфолио на светски познати клиенти и постојаниот раст со преку 700 клиенти од целиот свет и повеќе од 200 вработени во моментов кажува за големината и правецот во кој InPlayer се движи во последнава деценија.

Растот и напредокот во секој сегмент компанијата го продолжи и во последните година и пол, исполнета со бројни предизвици, во која само ја потврди позицијата на светски лидер во својот сегмент.

Доказ за тоа дека InPlayer е во постојан раст е секако и бројката од над 50 позиции кои се отворени во моментов и константата потрага по професионалци кои со своите квалитети само ќе го направат InPlayer тимот уште посилен.

Таа сила и здруженост на тимот можеше да се види и на InPlayer Summer Fest, кој оваа среда се одржа во градскиот парк. Гурманска фиеста со вкусни и уникатни бургери и диџеј сет на која повторно се почуствува убавата тимска енергија која отсекогаш била препознатлива за InPlayer.

 Од фотографиите и одличната атмосфера може да се заклучи едно нешто – тимот InPlayer го сочинуваат професионалци кои се одговорни за дистрибуција и монетизацијата на содржината за некои од најголемите медиуми и технолошки компании во светот, а воедно се и луѓе кои се секогаш подготвени за добра журка.

По еден ваков настан можеме само да кажеме дека со нетрпение очекуваме да видиме што InPlayer тимот ќе подготви за својот јубилеен 10-ти роденден.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на InPlayer . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]