Трансферот на Лео Меси и неговото претставување во Париз Сен Жермен е главна спортска вест оваа недела. Меси се договори со францускиот клуб на 2 годишен договор со можност за продолжување од една година и годишна плата од 35 милиони евра.
Аргентинскиот фудбалер за самиот потпис со ПСЖ добил бонус помеѓу 25 и 30 милиони евра и што е поинтересно во бонусот е вклучена и крипто-валутата на клубот $PSG. $PSG не е платежно средство туку ефан токен. Овие токени на фудбалерот, но и на сите други кои ги поседуваат им овозможуваат да учествуваат во носење на помалку важни одлуки на клубот. Како Меси би ги користел овие токени, но и колку токени добил засега е непознато, но според некои шпекулации станува збор за значителен број.
Бројот на клубови кои веќе имаат или најавиле дека ќе ги користат овие токени не е мал. Покрај Париз Сен Жермен, тука се Арсенал, Астон Вила, Манчестер Сити, Барселона, Интер, Милан.
Навивачите на клубовите со помош на овие токени можат да „постанат“ своевидни супер фанови и ќе можат да учествуваат во некои помалку важни прашања за клубот. На пример, може да гласаат за текстот на капитенската лента, да одберат гол на годината, да гласаат за изгледот на тимскиот автобус. Прашањата се помалку важни, но токените им овозможуваат на навивачите да учествуваат барем во дел од одлуките.
Како и биткоин и овие токени се базирани на блокчејн и со нив може да се тргува на берза. Веста дека најдобриот фудбалер на светот пристигнува од Барселона влијаеше на вредноста на токенот која веднаш порасна.
[…] post Дел од бонусот на… appeared first on […]