Здружението на граѓани iNovum во соработка со М3DS академија за 3D и Game Design во период од февруари до јуни ќе организираат работилници во средните училишта низ Македонија каде средношколците ќе се обучуваат во областа на 3Д моделирање, анимација и 3Д принтање.
Во рамките на оваа соработка М3DS и iNovum исто така ќе го претстават и едукативниот настан ИТ Новум 2018 кој е наменет за млади луѓе од 16 – 30 години, и неговата цел е подигање на свеста и развојот на информатичките науки, односно развојот на анимацијата, 3Д дизајнот како и креирањето на игра.
Самиот настан се состои од теориски дел односно обуки и пракса, и завршен ден однсно натпреварување на најдобрите тимови, претставување и наградување на најдобро изработените проекти.
Изминататa година, 2017, на овој настан земаа учество 220 поединци кои беа обучени во областа на 3Д, а во 2018 година се планира овој број да се зголеми на 400 поединци кои ќе бидат обучени. Со цел успешна реализација на овие едукативни настани М3DS и iNovum имаат потреба од волонтери. Оние кои се заинтересирани може да се пријават на следниот линк.







