0 коментари 2 мин. читање 16 јануари, 2018

Кинескиот капитал ги враќа кинеските работници од Силициумската долина назад во Кина

Многу пари и повеќе нови можности ги привлекуваат кинеските технички работници преселени од Кина, назад дома. Ова е случај си Ванг Ји, кој до неодамна го живееше „американскиот сон“.

„Пред неколку години Ванг Ју го живееше американскиот сон. Дипломира на Принстон, се вработи во Google и купи куќа во Силициумската долина“, пишува Bloomberg.

Сепак г. Ванг не беше задоволен од својата работа како менаџер на продукт во Google и сонуваше да отвори сопствена компанија дома, во Кина. Дополнително, со сопругата чекаа принова, а тешко беше да се замени Калифорнија со смогот во Шангај. Некако се договорија и се врати во Кина.

Денес речиси без сомневање одлуката на г .Ванг е точна. Неговата апликација Liulishuo успеа да собере 100 милиони долари. Бројот на Кинези кои се враќаат дома е сѐ поголем. Повратниците, кои своето образование и искуство го добиле во универзитетите и компаниите во САД се главни двигатели на новата кинеска индустрија.

„Се повеќе таленти се враќаат бидејќи Кина добива моментум во иновациите. Ова е само почеток.“, вели ловецот на таленти Кен Чи.

Ако порано за да пронајдат предизвик, престиж и сатисфакција Кинезите мораа да се селат, сега кинеските гиганти го овозможуваат ова дома. Alibaba, Tencent, Baidu, Huawei и Xiaomi денес не доцнат воопшто зад западните компании.

Враќањето на Кинезите назад, секако ќе има влијание и на идустријата во останатите држави. Ова најмногу се однесува на САД кои од 2013 до 2016 година загубија 435 500 кинески работници. Интересен е показателот дека од 7.9% од инженерите кои развиваат вештачка интелигенција во САД, доаѓаат од Кина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}