ИТ Индекс: Valoso Hub – новата ИТ компанија во градот

во Интервјуа, ИТ.МК

(Овој текст е дел од серијалот на IT.mk кој има за цел да ги промовира локалните компании кои се присутни на сервисот ИТ Индекс)


ПРОФИЛ

1. Датум кога официјално започнавте со работа:
05.08.2016

2. Од кого е основана компанијата:
Боби Лин

3. Првиот производ или услуга која ја понудивте и успешно продадовте:
Oнлајн видео продукција за бизниси кои сакаат професионално изработени видеа без да ги платат традиционалните тарифи на агенциите.

4. Колку луѓе броеше вашиот првичен тим?
3

5. Колку вработени сте сега?
20

Image Courtesy of Valoso Hub

6. Кои се услугите и производите во кои специјализирате?
Веб апликации во PHP, Java, Python, развој на Android апликации, вештачка интелигенција и видео продукција.

7. Што е тоа што мислите дека ве разликува од вашата конкуренција?
Им нудиме на клиентите целосна транспарентност, а на локалните програмери им гарантираме дека секогаш ќе имаат проекти. Имаме сопствен производ и нудиме remote позиции за оние кои се заинтересирани. Исто така, имаме најкул канцеларија во градот.

8. Кои се клиентите со кои соработувате?
На онлајн платформата за видео продукција имаме клиенти од целиот свет, вклучувајќи ги САД, Австралија, Сингапур, Тајван, Полска, Нов Зеланд, Германија, итн. Соработуваме со слични пазари и за нашиот ИТ сектор.

9. Што е тоа што би промениле на сегашната македонска ИКТ сцена ако имате неограничени ресурси?
Би изградиле бесплатни институции каде што децата ќе ги учат и применуваат најновите технологии. На пример, повеќе за сензори и како интернет на нештата (IoT) се користи во оваа област, вештачка интелегенција и како се применува во автономно возење или во летање на дронови, напредни веб апликации и друго.

10. Што ќе работи Valoso Hub во 2020 година?
Ќе имаме платформа за видео продукција предводена од вештачка интелигенција и ќе имаме 5 глобални седишта од каде ќе нудиме напредни ИТ решенија на 70 локации низ светот.

Image Courtesy of Valoso Hub

11. Споделете еден “fun fact” за вашата компанија.
Има премногу, па затоа едноставно ќе набројам неколку:

  • Имаме чести тим билдинг настани како параглајдинг, скијање, итн.
  • Имаме утрински вежби
  • Имаме забави секој петок
  • Одржуваме хакатони на секои два месеци

Официјален сајт:
www.valosohub.com

Valoso Hub на друштвени канали:
Facebook / LinkedIn

Посетете го профилот на Valoso Hub на ИТ Индекс.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments