Facebook го напаѓа LinkedIn, на друштвената мрежа наскоро огласи за вработување и пријавување за работа

1 коментар 1 мин. читање

Најголемата друштена мрежа, сака да биде сите друштвени мрежи во едно. Откако Facebook ја ископира функционалноста на Snapchat, сега ќе се обиде истото да го направи и со LinkedIn.

Facebook наскоро ќе им овозможи на компаниите да објавуваат отворени работни места, но и корисниците да се пријават. Пријавувањето е автоматизирано, а сервисот може да ги повлече податоците од Facebook, иако  потоа можат и да се променат. Огласувањето на отворени работни позиции е бесплатно.

Image: Facebook

Причината поради која Facebook ја додава оваа функционалност е што по разговорите со малите претпријатија во САД, сфатија дека пронаоѓањето на вистинските луѓе им е најголемиот проблем.

„Проблемот е толку голем што компаниите го ставаат пред пронаоѓањето на нови корисници и продажбата.“,  вели Ендрју Босворт од Facebook.

Откако компанијата ќе го огласи работното место, истото ќе им биде видливо на сите кои ќе ја посетат страницата. Посетителите ќе можат да аплицираат на страницата, а од компанијата ќе можат да ги контактираат на Messenger, јави Business Insider.

Огласите се веќе достапни, но пред премногу да се израдувате, засега единствено за САД и Канада. Без сомневање, наскоро оваа функционалност друштвената мрежа ќе ја прошири и на остатокот од светот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top