0 коментари 3 мин. читање

Империјата го враќа ударот

{mosimage}Mузичката индустрија реши да се ре-организира по загубите кои ги имаше последниве години. Сега со интернет 2.0 и друштвените мрежи започна ерата на “streaming music”. Конкретно MySpace ja презентираше новата онлајн музичка продавница MySpace Music со која корисниците ќе можат да слушаат музика бесплатно и со тоа да си направат плејлиста на својот профил и да ја споделат со пријателите. Доколку корисникот сака да симне песна или албум тогаш ќе треба да плати.

Добро, ова и не е некоја новост за музичката индустрија, со стриминг и споделување на музика веќе подолго време се занимаваат сајтови како Last.fm и софтвери како iTunes на Apple. Сепак во овој случај важна е големината на проектот на MySpace ако се земе во предвид дека ќе соработуваат со Amazon и со четирите музички гиганти – Sony, Universal, Emi и Warner – и ако се земе в предвид дека многу бендови го користеа MySpace за само-промовирање.

Подетално за тоа кој и што ќе добие од овој проект:

    {mosimage}

  • MySpace до сега – постојат околу 5 милиони MySpace профили на бендови и артисти.
    Преку оваа друштвена мрежа илјадници анонимци си ја стартуваа кариерата, а сите се во контакт со фановите што е позитивна работа за имиџот на бендовите со што се зголемува и бројот на нови фанови, со тоа и заработувачката. Исто така 65% од корисниците на MySpace имаат закачено музика на својот профил.

  • MySpace во иднина – MySpace набргу ќе почне не само со продавање и рекламирање на музика, туку и со продавање на мајци и билети за концерти. Додатно фановите полесно ќе следат вести и трачеви за омилените бендови, врзувајќи се на еден профил кој ќе содржи и вести и листа на слична музика.
  • Музичките гиганти – веќе подолго време гигантите се незадоволни од iTunes затоа што Apple не сака да наплаќа повеќе за попопуларни песни/бендови/артисти туку ја држи цената на 99 американски центи за една песна. На страна од тоа од овој проект ќе имаа зголемен приход од рекламите, продажбата на маици и дрангулии и карти за концерти.
  • Amazon.com – ако некој слуша музика на МуSpace и сака да преземе песна ќе биде линкуван до Amazon.com. A oд друга страна Аmazon.com неодамна промовираше проект сличен на Wikipedia но исклучително само за музика. Музичката енциклопедија Soundunwound работи на wiki принцип. Разликата е само што пред да се објави текст за бендот ќе мора да се разгледа, со што не е толку слободно објавувањето. Дополнително постои и опција за купување на албумот или песната што пак ве води на главниот сајт на Amazon. Инаку, цените на песните на овој сајт, за разлика од фиксните на Apple, започнуваат од 0.49 евра (79 американски центи) и зависат од популарноста.
  • Новите бендови и музичари – тие добија шанса да се промовираат. Досега MySpace ги лимитраше само со неколку песни на нивниот профил, но сега тоа ограничување е тргнато со што бендовите ќе може да ја закачат целата дискографија на профилот. Исто така новите бендови ќе може да се најдат покрај познатите имиња на нечија плејлиста која ќе може да се сподели и разгледа од многумина.
  • Пиратите – Неизбежни и победници во оваа битка. Од друга страна со овој проект пиратеријата е и полесна бидејќи симнатите песни од MySpace Music ќе бидат ослободени од DRM (Digital rights managment) технологијата кој го „стопира“ копирањето и репродуцирањето.

Моментално овој проект е само за САД и содржи само илјадници песни, но се очекува до крајот на годината, откако ќе се средат правните дозволи и лиценци, МySpace Music да биде достапно за пристап и во Европа со милиони и милиони песни за онлајн преслушување. Како што напишав, стриминг музика и споделување на плејлисти веќе одамна постои, но овој пат во играта се вмешаа гигантите. Приходите ќе се добиваат од реклами, мајци и концерти, а не од продажба на албуми. Со ова музиката стана практично бесплатна за слушање.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top