{mosimage}Google, како и секогаш на доста иновативен начин си ги решава своите “проблеми”. Овој пат, на официјалниот блог на компанијата беше објавен краток пост во врска со маркетинг партнерството помеѓу Google и Yahoo!. Постот најави линк до дополнителен веб сајт кој содржи детални факти и информации за овој договор. Од гигантот ветуваат дека информаците ќе ги обновуваат веднаш штом настанат и дека јавноста ќе ја држат известена.
И повеќе од веројатно е дека Google ова го прави за да создаде позитивно влијание кај јавноста за да можеби истото се одрази и кај официјалните лица во Вашингтон кои силно се противат на партнерството помеѓу овие два пребарувачи кои заедно сочинуваат скоро 90% од пазарот на интернет пребарувачи.
Во продолжение е PowerPoint презентацијата која е објавена на сајтот за Google-Yahoo! спогодбата.
Дополнително го објавуваме и сведочењето пред американскиот сенат на заменик извршниот директор за корпоративни односи на Google. Сведочењето е оддржано на 15 Јули оваа година која ги дискутира клучните работи за интернет маркетингот и ова партнерство.
Веб сајтот можете да го прегледате тука: http://www.google.com/yahoogooglefacts/