Имате кул идеја за оптимизација на јавен превоз? ЈСП Скопје организира „Скопски автобуски хакатон“!

1 коментар 2 мин. читање

Јавното сообраќано претпријатие Скопје, организира хакатон во кој учесниците треба да креираат софтвер за оптимизација на бројот на патници на неколку линии. Решението треба да ги направи поатрактивни линиите: 2, 5, 19, 22 и 57.

Настанот е организиран во партнерство со: Фондот за иновации и технолошки развој; Градот Скопје; Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП); Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ); Техничкиот факултет во Битола; Технолошки Парк (SEEUTechPark); Факултетот за информатика од Штип; и Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.

На хакатонот се поканети да учествуваат сите стартапи, поединци и компании кои сакаат да придонесат. Бројот на учесници во тимовите е ограничен на 5, а идејата е сепак финалното решение да биде софтвер.  Пријавите се отворени од 1. септември и ќе траат до 15. октомври. Хакатонот е стандарден, ќе трае 24 часа и ќе започне на 3. декември во 11:00.

Интересно е што изборот на награда овој пат е оставен на победниците, иако постојат неколку предложени решенија. Најдобриот го бира комисија, а победникот може да одбере некоја од следните награди:

  • Паричен износ од 45.000 денари,
  • Зимување за победникот/победниците со покриени трошоци за пат и сместување со полн пансион
  • Реклама на автобуси во износ од 120.000 денари
  • Реклама на автобуски постројки во износ од 120.000 денари

Сите учесници се добитници на бесплатен градски превоз во период од два месеци и билети за жичарница за двајца.

Заинтресираните пријавата можат да ја пополнат тука, а за изборот на фонтот на оваа веб-страница овој пат нема да дискутираме.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед