PayPal по само три дена повторно ја прекина услугата со која овозможуваше во Србија да се примаат пари. PayPal, кој е во Србија веќе година дена дозволува плаќање преку сервисот, но не и примање на пари. Услугата беше стартувана и веднаш прекината бидејќи проблем прават финансиските законите во Србија кои оневозможуваат прием на средства во странски валути, вели Startit.rs.
„За жал мора да ве известиме дека поради непредвидени проблеми, опцијата за примање на пари нема повеќе да биде достапна. Бидете убедени дека веќе работиме на решавањето на овие проблеми. За сега, од вашиот PayPal профил нема да можете да примите уплати поради финансиските регулативи на вашата земја кои мора да ги почитуваме“.
Се чини дека проблемот што српскиот закон не предвидува прием на финансиски средства во странски валути може да се надмине ако PayPal да го додаде динарот на листата на валути со кои посредува. Слични решенија има за руската рубља, чешката круна, турската лира и неколку други валути. Народна банка на Србија негираше дека се работи за проблеми од нивна страна, велејќи дека размената на девизи помеѓу граѓаните пада на одговорност на граѓаните, не на PayPal, што претставува проблем.
Како што претпоставувате граѓаните на Србија не се задоволни од одлуката на PayPal. Дел ја обвинуваат компанијата бидејќи вовела сервис кои не е во согласност со законите во државата, но добар дел ја обвинуваат Народната банка на Србија и државните органи за неспособност за воведување на промени кои се важни за е-трговијата.
Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.