0 коментари 1 мин. читање

Fusion е нова 360 камера од GoPro

Најпознатиот производител на акциони камери, GoPro, претстави нова 360 камера – Fusion. Со оглед на репутацијата на GoPro, интересот за камерата не е изненадување.

Fusion доаѓа со двојна камера која овозможува покривање на целата околина. Квалитетот на видеото е 5.2К при 30 fps, а фотографиите можат да бидат до 18 МР. Освен 360-слика, камерата снима и 360-аудио. Сите љубители на подводна фотографија може да ја користат камерата до 5 метри длабочина. Fusion доаѓа за 700 долари и е наменета за поширок пазар. Камерата во продавниците ќе биде достапна од ноември.

Корисниците ќе можат да снимаат видео или ако сакаат можат и само да се фотографираат. Ова не е прва 360-камера од GoPro, но претходникот доаѓаше за 5.000 долари. Ова е превисока цена за најголем број на корисниците, дури и поголемите ентузијасти.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top