Илон Маск и Open AI работат на вештачка интелигенција која нема да биде опасна за човештвото

0 коментари 1 мин. читање

Основачот на Tesla и Space X, Илон Маск, последниве години предупредува од можна опасност од вештачката интелигенција. Г. Маск отиде дотаму што предупреди на опасност од нова светска војна, ако државите продолжат да развиваат национална вештачка интелигенција.

Заради ова, г. Маск во соработка со Open AI се обидуваат да пронајдат начин на кој развојот ќе биде безбеден. Во случај да подзаборавивте, Open AI е вештачката интелигенција која ги победи најдобрите Dota 2 играчи. Еден период компанијата беше потивка, но сега регрутираат инженери. Поточно над 60 инженери треба да му се приклучат на постоечкиот тим.

Г. Маск досега во Open AI има инвестирано над милијарда долари, а ко-основач на стартапот е и Сем Алтман од Y Combinator. Бројот на научници кои се загрижени од развојот на вештачката интелигенција не е мал, а помеѓу нив се и Стивен Хокинг и Бил Гејтс, пишува Interesting Engineering.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top