Нови правила ги отежнаа условите за партнер на YouTube. Корисниците сега за да бидат партнер-креатори треба да имаат најмалку 4.000 часа преглед на видео и 1.000 претплатници во последните 12 месеци.
Досега потребни беа единствено 10.000 прегледи. Сепак, според одговорните во YouTube ова не е доволно и критериумите мора да бидат построги за подобар квалитет. Сите кои нема да ги исполнат овие услови не се квалификуваат за заработка од реклами на своите канали. Што се однесува до квалитетот на видеата; промената можеби ќе влијае на дел од корисниците кои можеби биле инспирирани од заработката. Сепак, ентузијастите кои имаат интересни содржини не би требало да бидат погодени.
Еден новитет е и најавата за прегледи на сите Google Preferred видеа на 5% од најгледаните канали. YouTube планира сите видеа овде да бидат прегледани од модератор. Тој потоа ќе треба да одлучи, дали содржината е соодветна за монетаризирање, пренесе Variety.
Минатата година YouTube имаше многу големи проблеми со огласувачите. Најголемите компании ја прекинаа соработката со друштвената мрежа откако се покажа дека дел од нивните реклами се покажуваат заедно со видеа кои регрутираат терористи. Секако со повнимателни прегледи и модерирање, ќе се намали и опасноста од рекламирање на несоодветни видеа.
Промените започуваат на 20 февруари. Сите канали кои во 2017 година немале барем 4.000 часа преглед и 1.000 претплатници, нема да можат да покажуваат реклами во своите видеа. Ова нема да има преголемо влијание, бидејќи дури 99% од креаторите кои се зафатени од промената и онака заработувале помалку од 100 долари годишно.