По автомобилите и теренските возила, Tesla го претстави и првиот електричен камион. Камионите се 7% од сите возила на улиците во САД, па новиот камиот треба да го освои овој пазар. Замената на традиционалните камиони со електрични, ќе го намали загадувањето од возила за 20 %.
Судејќи по првите податоци, купувачите на електричните камиони ќе го добијат најдобриот камион на сите времиња. Камионот е побрз, поиздржлив и побезбеден од сите дизел камиони кои се достапни на пазарот. Дополнително г. Маск вети дека цената по изминат километар на Tesla Semi е пониска од цента на дизел камионите.
Tesla Semi ќе биде значително побрз и побрзо ќе забрзува од дизел камионите. Без товар до 100 km/h камионот забрзува за 5 секунди. Со максимално дозволен товар од 40 тони, камионот до 100 km/h забрзува за 20 секунди. Под полн товар камионот може да искачува 5% нагорнина со максимална брзина од 105 km/h. За споредба, дизел камионите возат со 72 km/h, вели г. Маск.
Оваа брзина и забрзување, можеби ќе беше опасност на патиштата, но технологијата овозможува ова да биде побезбедно од било кога. Камионот ќе доаѓа со напредната верзија на авто-пилот, автоматско запирање и автоматска корекција за остенување во лента. Дополнително, технологијата овозможува асистирано возење во конвој.
Она што е можеби најимпресивно е батеријата. Камионот на Tesla ќе може да извози 800 километри помеѓу полнењата. Според податоците, најголем дел од рутите, дури 80 %, се пократки од 400 километри, па камионот со едно полнење ќе може да отиде и да се врати. Камионот ќе се полни на новата Mega Charger мрежа.
Гаранцијата на Tesla Semi Truck е 1.6 милиони изминати километри.
Секако, ова би требало да значи дека цената на камионот ќе биде супер висока. Иако немаше податоци за висиниата на цената, г. Маск објасни дека по изминат километар цената на овој камион е 20 отсто пониска од дизел камионите. Тука има повеќе параметри кои најверојатно се внесени, од поголемата заработка поради поголемата брзина, 65 mp/h наспороти 45 на дизел. Она што е поимпресивно е дека цента на оперирање на конвој од 3 возила е поевтина од железница.
Сите кои се импресионирани од камионот нема да мора да чекаат премногу. Производството и испораката на Tesla Semi Truck започнуваат во 2019.
It can transform into a robot, fight aliens and make one hell of a latte pic.twitter.com/8h9vvWu4f5
— Elon Musk (@elonmusk) November 15, 2017
Компанијата презентираше и нов модел на возилото кое ја издигна над останатите производители на електрични автомобили, Tesla Roadster. Овој пат, возилото ќе може да помине барем 1000 километри со едно полнење на батериите. За разлика од претходните модели, овој доаѓа со простор за 4 патници. Новата верзија ќе биде најбрзиот автомобил на светот, вети г. Маск.
Сепак фановите ќе мора да причекаат, со оглед на тоа дека возилото е најавено за 2020 година.