0 коментари 2 мин. читање 16 ноември, 2017

Подобро образование и работа со Woz U

Ко-основачот на Apple, Стив Возниак, од неодамна лансира онлајн платформа за образование која има за цел да ги рафинира вештините на луѓето и да создаде подобри можности за работа во областа на технологијата во најбрз можен рок.

Посетата на Woz U започнува со видео од еден-и-единствениот, Стив Возниак, кој на кратко и општо објаснува за какви курсеви се работи и што би можеле да очекувате од нив. Што се однесува за долгото објаснување, како дали и колку би чинеле курсевите, потребно е да се стрпите уште малку, затоа што првите курсеви ќе почнат да се појавуваат дури од почетокот на 2018 година. Но, доколку ги оставите вашите податоци, можете да одгледате уште едно видео, како и да се ставите на листата за идно контактирање. Во случај да ја преземете соодветната апликација за iOS, можете да го тестирате вашето знаење во најразлични полиња од технологијата и да проверите дали и за што сте соодветни за понатамошна надградба преку курсевите.

Прашањата кои ги добивате преку тестот, меѓутоа, воопшто не се лесни! :)

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top