3 коментари 2 мин. читање 18 август, 2014

#icebucketchallenge дојде и во Македонија; кој е следниот за леден туш?

Ice Bucket Challengе започна како иницијатива за зголемување на свест и собирање донации за болеста амиотрофична латерална склероза (ALS); a сега се претвори во вирален феномен кој дојде и во Македонија. По примерот на многумина пред нив, сега и неколку ИТ луѓе од Македонија го прифатија предизвикот и се полија со ледена вода. Меѓу нив се дечките од Web Factory и Aranea Apps, Митко Цабевски од стартапот U:plug, Теодос Пеjоски од G6 Solutions, и професорот на ФИНКИ, Владимир Трајковиќ.

Освен ледениот туш, дел од предизвикот е да се донираат пари за организацијата која се бори против смртоносната болест која ги напаѓа нервните клетки и води кон целосна парализа. Според ALS Association, веќе се соберени 13,3 милиони долари во трите недели од 29-ти јули, од кога започна кампањата со предизвикот, што е скоро за десет пати повеќе од 1,7 милиони долари што беа соберени целата претходна година. Веќе имало 260.000 нови донори кои допринесуваат со донации од 35 до над 100 долари.

Што се однесува до виралниот леден предизвик, веќе има креирано 1,2 милиони видеа на Facebook, и #icebucketchallenge е споменат на Twitter околу 2,2 милиони пати. Но, New York Times пишува дека кампањата има свои критичари бидејќи води кон „slacktivism”, односно корисниците на друштвените мрежи ја користат виралната кампања да се забавуваат, но не и да допринесат кон зголемување на свеста и битката против ALS.

[youtube]C5o0u2lCHow[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Mitko
Mitko
11 years ago

Целта на #‎IceBucketChallenge‬ е да се соберат средства за борба против болеста ALS.
Која е поентата анонимни ликови да фрлаат кофа со вода врз себе и да си ги предизвикуваат своите пријателчиња?

Бидејќи Web Factory, Aranea Apps, Aranea HQ, UPlug, G6 и останатите се фирми кои колку толку се промовираа преку овој предизвик, за да не останат во очите на другите како attention whores би требало да донираат и средства.

Aко сакате да учествувате донирајте средства на следниот линк:

Александар
Александар
11 years ago

http://youtu.be/Tv9xDEx07PI пред се да биде кул.

Мени
Заедница
Изглед
To top