0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2017

Гласовниот асистент на Google презентира реклами, корисниците не се задоволни

Сопствениците на Google Home и корисниците на Google Assistant добија непријатно изненадување. За прв пат на платформата на корисниците им е пуштена гласовна реклама или барем нешто што наликува на реклама.

Рекламата е вметната во „My Day“ сегментот и со ништо не се разликува од останатата содржина. Асистентот речиси ненаметливо додава податок за премиерата на „Убавицата и ѕверот“. По завршувањето на сите препораки кои корисникот ги има одбрано, Google додава „Патем, денес е примиерата на Убавицата и ѕверот од Disney“. Дел од корисниците велат дека нема причина зошто филмот е на нивната листа на интереси.

Конфигурацијата на мојата листа за „My Day“ е: временски услови, календар, потсетник и вести. Дефинитивно не сум пребарувал за филмот. – вели еден корисник на Reddit.

Google излезе со соопштение во кое вели дека најавата на филмот не е реклама.

„Ова не беше наменето да биде оглас. Тоа што го гледате е дел од My Day, функционалноста, која овозможува до корисниците да стигнат корисни податоци за денот, понекогаш овие содржини се во пригодно време. Продолжуваме да експериментираме со нов начин за испраќање на содржина за корисниците. Во овој случај можевме тоа да го направиме пoдобро.“, вели претставник на Google за Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top