Играта Quantum Break доаѓа на Steam на 29-ти септември

во гејминг

Image Courtesy of Quantum Break

По едно одложување на првичниот датум, Quantum Break дефинитивно излегува на 29-ти септември на Steam и, во чест на тоа, Remedy објавија целосно нов трејлер.

Quantum Break е излезена за PC уште од април 2016, но само како ексклузивен наслов за Windows 10 Store платформата. Насловот требаше да остане како таков, но поради техничките проблеми, просечните рецензии и слабите продажби, Microsoft потклекна на притисокот и прифати играта да излезе и на Steam.

Што се однесува до самиот квалитет на Quantum Break, поголемиот дел од рецензиите имаа пофални зборови за приказната, но не толку за вметнатото телевизиско шоу кое за многумина оставаше впечаток на неинспирaтивна евтина продукција. Од видните рецензенти Gamestar и ја даде највисоката оценка од 80 поени и кажа дека Quantum Break е акционо искуство со одлична презентација, но не изгледа подеднакво спектакуларно на PC како на Xbox One. PC Gamer му ја прилепи етикетата на просечен шутер со солидна приказна (70), а PC World беа крајно исфрустрирани (60) со лошиот порт и одеа до таа точка да го споредуваат со неспособноста произлезена од портовите на Batman: Arkham Knight и Assassin’s Creed: Unity. Најниската оценка од 50 поени дојде од PC PowerPlay кои само се надоврзаа на претходните мислења и додадоа дека PC оптимизацијата и проблемите со Windows 10 продавницата фундаментално ја кршат играта.

89bd7a63bd4bc02c7c69e22a3ba6cb45

Новината дека играта конечно ќе излезе и на Steam, по намалена цена, ги израдува поголемиот број гејмери кои искрено се надеваат дека времето од лошиот старт до сега било искористено за озбилна разработка и усоршување на портот. Она што следи е трејлерот со кој се одбележа излегувањето на играта во април.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk