Gaze Desk е паметна работна маса која се прилагодува на вас за да понуди оптимално работно искуство. Приклучена и потпомогната со телефонската апликација, Gaze Desk ја менува висината на мониторот и тастатурата соодветно за вашата висина и тежина додека седите или пак стоите. На ваквиот начин, се избегнуваат болките во зглобовите и вратот кои се директна последица на неправилно повеќе-часовно седење.
Паметната маса го регистрира вашето приближување и автоматски се поставува во оптималната висина, претходно зададена преку телефонската апликација, а може и автоматски да активира одредени направи како паметни лампи, прочистувач на воздух па дури и паметниот Nest термостат.
При подолго седење, Gaze Desk ве предупредува преку телефонската апликација или паметната лампа за да ја направите неопходната пауза или пак да ја продолжите работата стоејќи. Со вашето станување, масата автоматски зазема соодветна позиција, а паметната „рогозина“ (foot mat) ќе ја надгледува поставеноста на стапалата и ќе ве предупредува доколку ја насочувате тежината само на едната нога.
Gaze Desk доаѓа и во помала форма која се прилагодува со растот и моментните потреби на детето (се мисли на менување на аголот при цртање или пишување).

Пет дена пред завршување на кикстартер кампањата, Gaze Desk веќе ги исполни планираните финансиски цели. Доколку и вие би сакале да го подржите проектот, информирајте се на KickStarter. До завршување на кампањата, цената на основната верзија на масата е 359 долари или 55% поевтино од планираната продажна цена. Паметната маса, со сите горе-споменати функции е достапна за истиот попуст, но за 500 долари. Интересно, но за жал прескапо, особено кога ќе земете во предвид дека цената на паметната маса би била 1000 долари кога ќе се створат услови за масовна продажба и дистрибуција. Како и да е, Gaze Desk ќе ја започне дистрибуцијата од ноември годинава, а доколку сакате сами да си направите исклучително евтина (но, не паметна) стоечка работна станица консултирајте се креативната визија на lifehacker. :)
Заинтересирани за уште новитети за подобар и попаметен дом? Прочитајте за LUCY.







