0 коментари 2 мин. читање 27 септември, 2016

Од никаде, Disney е фаворит за купување на Twitter

Disney е во разговори со банките за финансискиот потенцијал од купувањето на Twitter. Веста ја потврдија извори на TechCrunch.

Интресоt на Disney е логичен, компанијата има содржина, а Twitter е можна платформа за споделување на оваа содржина. Disney е сопственик на спортскиот канал ESPN, а Twitter и сега ги пренесува NFL натпреварите во четврток. Дополнително ,директорот на Twitter, Џек Дорси е дел од бордот на Disney.

Интересно, по веста за купувањето, акциите на Twitter продолжија да растат, но акциите на Disney паднаа. Twitter е проценет на максимални 30 милијарди долари, но цената е за која размислува Disney е пониска.

Во споредба со Facebook, Twitter има многу помал број на членови. Платформата е по бројот на членови е помината од Instagram и Snap. Сепак членови на Twitter се влијателни, спортистите и јавните личности имаат свои канали. Со ESPN и содржината која ја има и стримовите во живо Disney може да помогне за нови содржини и членови.

Бројот на вести за продажба на Twitter и интересот на повеќе компании за микро-блогот. Бројот на корисници од 300 милиони е џуџест во споредба сo Facebook, но нема други друштвени мрежи со волку членови кои се на продажба. Дополнително Twitter секако ќе се обиде да ја монетаризира влијателноста на влијателните корисници. Најверојатно убедувајќи ги компаниите дека ова е платформата на која луѓето доаѓаат да разговараат за важни теми.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top