Претпоставуваме дека, порано или подоцна, сте ја играле друштвената игра, две вистини и една лага, особено како помлади. Се работи за ситуација каде едно лице кажува две вистини и една лага, а останатите треба да погодат која од тие три искази е лага. Феноменална игра и за подобро запознавање еден со друг и за впечатлива забава. Но, што доколку сакате да ја играте 2 вистини и 1 лага онлајн? Ништо не ве спречува да ја играте преку стандарните алатки за комуникација, но една алатка ја истакнува забавата на значително повисоко ниво.
Преку интересен дизајн и социјални можности, 2 Truths & a Lie дозволува еден пријател да напише три искази. Секој од тие искази се поставува во посебна колона, а вашите пријатели гласаат за тоа кој е лажен исказот така што го влечат кругот со нивната слика или видео во соодветната колона. Се делува органски и апсолутно забавно, така да доколку отсекогаш сте биле фан на вакви игри, напишете го вашето име и адреса на официјалниот сајт, генерирајте линк за покана и испратете им го да се приклучат!
Инаку, вреди да се напомене дека 2 Truths & a Lie е бесплатна за до 7 учесници, што доколку не прашате нас е сосема доволно, но за 8 до 200 учесници, потребно е да се платат 19 долари. Платежната форма се одликува со дополнителни игри како Would you rather? и Trivia. Независно од избраното, немате никакви реклами, нити пак потреба за регистрации или инсталирање апликации – се е преку прелистувачот.