Играјте флипери на мобилен со Zen Pinball World

во гејминг

Верувале или не, првите флипери постојат уште од пред Втората Светска Војна. Овие „машини на интерактивна забава“ стануваат толку популарни да во рекорно време се шират низ целиот свет. Доколку сте дете од осумдесетите и деведесетите години тогаш сигурно паметите бројни флиперници кои ви дозволуваа да одиграте партија за само пет денари. Ех. времиња… Низ децениите, се повеќе и повеќе различни флипери се појавуваат, обработувајќи најразлични теми и, обично претставувајќи одредени популарни филмови. Денеска, без проблем можете да најдете и да купите вистински, физички флипери. Проблемот со нив е тоа што се исклучително скапи. Од таа причина, доколку сте фанови на најразлични флипери, би сакале да ви го насочиме вниманието на апликацијата за мобилни телефони – Zen Pinball World!

Развојнито студио Zen Studios се има потрудено да спакува во апликацијата над 20 различни табли. Искрено, не знаеме која од која е подобра! Од 26-те табли, можете да се втурнете во светот на Star Trek, или Battlestar: Galactica. Можете да навлезете во една од две внимателно дизајнирани South Park светови, како и да заиграте во некој од најпрепознатливите игри на Gearbox, како Borderlands. Оние кои сакаат да се исплашат, ќе можат да ја проверат Camp Bloodbrook, а оние кои се по празнично расположение, ја имаат на располагање Charlie Brown Christmas Pinball.

Секоја од таблите е уникатно дизајнирана и остава впечаток како да ви дава нов поглед кон некоја од вашите омилени игри, филмови или серии. За време на играњето, константно сте опсипани од препознатливи звуци и фрази кои се директно извлечени од оригиналните извори. Колку и пати да ги слушавме овие фрази, никако не ни здосадуваат – прекрано се вклопени за време на играњето. Згора на ова, таблите нудат и динамични промени на времето (ден – ноќ), како и различнни временски услови, како привремено паѓање дожд или снег. Од време на време, ќе направите мала пауза сред играње така што ќе навлезете во некоја мини игра.

Скоро секоја табла се одликува со различна мини игра. Battlestar ви дозволува да управувате со вселенски брод и да уништувате непријателски бродови, додека пиратската табла ви дава топ со кој гаѓате во непријателските бродови. Иако се работи за крајно еднотавни мини игри, со задоволство навлегувавме во секоја од нив и уживавме во освежителната разонода. Кога сме кај тоа, ни се допаѓа и тоа што таблата можете да ја играте во две песпективи – вертикална и хоризонтална, во зависност од тоа како го држите телефонот. Ова дава поразлична перспектива за време на играњето, често отворајќи повеќе детали кога ќе решиме да го ротираме телефонот.

Некои технички проблеми беа пропратни за време на нашето тестирање. Имено, таблите се со големина од 70 до 300MB. Но, често се случуваше многу време да треба да се превземе одредена табла, што сигнализира дека сервирите се значително оптоварени. Често се случуваше, да прекине презимањето и да мораме да почнеме се од почеток. Оние табли кои конечно ќе ги спуштевме, ги немаше во одделот со преземени табли наредниот пат кога ќе ја вклучевме апликацијата. Сево ова знаеше делумно да го намали севкупното искуство, но знаејќи го реномето на Zen Studios сигурни сме дека се работи за привремени проблеми кои наскоро би биле искоренети.

Инаку, доколку сте во ред со реклами и само со еден режим на играње, секоја од таблите ќе можете да ја проверите бесплатно. За нешто повеќе од тоа, потребно е да ја купите таблата која ви се допаѓа. Сметаме дека ваквата политика е сосема фер и пружа одлично можности за сите заинтересирани предвреме и убаво да проверат дали и колку им се допаѓа нешто.

Во случај да сте фанови на флипери, навистина не губите ништо доколку ја проверите оваа апликација. Zen Pinball World е достапна за iOS и Android направите!

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments