Играјќи си со јавните податоци

во ИТ.МК

Трети декември е датумот кога се одржува годишниот хакатон за отворени податоци. Во основа ова е еднодневен настан што се одржува во разни градови во светот на кој хакерите се собираат со цел да создадат апликации и презентации од отворени јавни податоци. Последново се однесува на податоци кои ги прибрале различни државни служби (како на пример Завод за статистика) и кои се јавно достапни, да речеме на интернет, во формати кои овозможуваат лесно манипулирање со нив.

До сега движењето за отворени податоци има создадено неколку корисни апликации: OpenSpending со која може да се визуелизираат буџетите на локалните или државните власти, Mapit кој служи за мапирање на поштенски броеви и административни области и Open311Api кој е отворен стандард за следење на транспарентност, ефикасност и отчетност во градовите. Сигурно има и други алатки. Ова се само првите три набројани на OpenDataDay.org.

Оваа година хакатонот за отворени податоци случајно доаѓа по објавениот цртеж на Рандал Мунро, авторот на xkcd, насловен „Пари“. Иако направен помалку или повеќе шегаџиски, а секако во стилот на познатиот стрип, цртежот ги наведува сите изводи што се искористени за да се направи оваа визуелизација. Несомнено ова е уште еден добар пример за тоа што можат граѓаните да прават со јавно достапни податоци. Можеме само да шпекулираме дека сето ова е очекуван ефект од чекорот на администрацијата на Барак Обама да го стартува Data.gov и да ги направи податоците што ги собира извршната власт на САД достапни за граѓаните. Овој чекор го следеа и други земји на OECD.

Ова не е само прашање на хакерско зезање. Оправданоста на јавниот достап до државно-собраните податоци може да се објасни на повеќе начини: ако граѓаните веќе еднаш платиле за собирањето на податоците (преку даноци), тогаш сите податоци собрани на таков начин треба да бидат достапни за користење без надоместок; или, податоците што ги собираат државните институции треба да бидат достапни на увид за граѓаните да бидат поинформирани и полесно да можат да се вклучат во јавната дебата што демократските системи ја бараат; или преку увидот во податоците прибрани од државата, граѓаните можат да остварат подобра контрола над институциите на системот.

Македонските иницијативи од ваков тип се бледи. На почетокот на годинава @budgetmk твиташе информации од Буџетот на Р. Македонија за 2011 гoдина. Во 2010 година на You Tube се појави видео што ги презентира податоците за сообраќајни несреќи објавени од МВР наспрoти кампањата што ја презентираше Владата на РМ за користењето на дрога и безбедноста во сообраќајот.

Дали знаете за други вакви примери во земјава? Дали има отворен извор на јавни податоци во Македонија или пак апликации изградени околу податоци кои што државата ги направила јавно достапни? Бидејќи нема овој трети декември да правиме хакатон, можеме барем да ја истражиме сосстојбата со отворените податоци во Македонија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk