0 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2012

Microsoft тестира свој паметен телефон со азиски произвoдители

Microsoft размислува за свој паметен телефон, велат извори за Wall Street Journal кои се блиски до азиските производители со кои софтверскиот гигант го тестира новиот хардвер.

Не се знае дали Microsoft ќе започне со масовно производство на паметен телефон, за кој еден извор вели дека има екран од 4 до 5 инчи, што го става измеѓу iPhone 5 со 4-инчен екран и Samsung Galaxy S3 со 4,8-инчи.

Но, доколку започне најверојатно е дека Microsoft ќе го примени истиот бизнис модел кој го користи Apple, односно ќе продава свои уреди како Surface таблет компјутер и паметен телефон кои ќе бидат оптимизирани за Windows платформата и продавницата.

Сега за сега, единствен одговор на шпекулациите од Microsoft е дека се среќни што работат со Nokia, Samsung и HTC на нови Windows Phone 8 уреди кои ќе се појават на пазарите до крајот на годината.

„Дали имаме планови за нешто комплетно различно, или немаме такви планови, не би сакал да коментира.“, вели директор на Microsoft, Стив Балмер.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top