0 коментари 2 мин. читање 15 октомври, 2021

Обединете ги сите алатки за комуникација со Franz 5

Најновата петта верзија на Franz е алатка која обединува бројни други алатки и услуги за комуникација и ви дозволува целосна и заедничка интеграција од само една појдовна точка. Тоа значи дека преку алатката Franz добивате пристап до Slack, WhatsApp, WeChat, Messenger, Telegram, Google Hangouts, Skype, Zendesk и многу повеќе!

Од еден интерфејс добивате пристап до еден куп алатки, со што значително се добива на време и се елиминира непотребното скокање од една на друга алатка. Подразбирливо, сите пораки што ги добивате од претходно-интегрираните сервиси, автоматски ви пристигнуваат преку Franz, заедно со напредни можности за прелистување и одговарање на истите.

На располагање имате три верзии на Franz, една бесплатна и две платежни. Бесплатната верзија ви дозволува интеграција на до 3 сервиси од 70 понудени, синхронизација и десктоп известувања секој пат кога ќе добиете порака преку некој од тие три избрани сервиси. 3 евра месечно ви дозволува да поврзете двојно повеќе сервиси, односно шест, како и да активирате поддршка за проверка на правописот. Паралелно со ова, ќе бидат елиминирани сите огласи, како и екрани кои ве принудуваат да чекате одреден временски период.

Последниот столб од 6 евра месечно, дозволува интеграција со неограничен број сервиси, Workspaces, Team Management и многу повеќе – нешто што првенствено би можело да им користи на компании, а не на просечниот корисник. Со купување годишна претплата се активира попуст од 25%, а имате на располагање и пробен период од две недели.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top