0 коментари 4 мин. читање 24 март, 2020

IAB Македонија со реакција кон МИОА: Третманот на онлајн медиумите треба да е еднаков

Interactive Advertising Bureau (IAB) е светска организација за унапредување на дигиталниот маркетинг. Основана е 1996 во Њујорк а во моментов има 43 ИАБ лиценцирани канцеларии кои работат во земји ширум светот и една регионална IAB канцеларија, во Европа. Како дел од оваа организациска мрежа, во 2012-та година, поголем број на маркетинг агенции, медиуми и компании во Македонија го формираа локалниот огранок – IAB Македонија со единствена цела за развој на дигиталниот и интерактивниот маркетинг во земјата. Денеска, во здружението членуваат повеќе од 40-тина реномирани агенции и едни од водечките онлајн портали и огласувачи во земјата.

По повод новите мерки против пандемијата на COVID-19 на Владата со кои се воведе и полициски час, а воедно се донесе и одлука Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) да издава дозволи за движење за новинари, IAB Македонија реагира дека согласно одлуката на МИОА постои нееднаков и нефер третман на онлајн медиумите.

IAB Македонија, асоцијацијата која ги обединува водечките онлајн медиуми, маркетинг агенции и огласувачи во земјава, реагира на одлуката на Министерството за информатичко општество и администрација – МИОА, со која нееднакво се третираат онлајн медиумите во државата и пристапот во извршување на својата функција за информирање им ја дава на само една група медиуми. Претходно, за оваа одлука на МИОА со која нееднакво се третираат онлајн медиумите, реагираа и АВМУ, МАН и ЗНМ.” – велат од IAB.

Во реакцијата со која ИАБ Македонија се обрати до МИОА се вели и дека „Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија не претставува официјален регистар на онлaјн медиуми и не ги содржи сите онлајн медиуми во РС Македонија” и согласно на тој факт, не треба да представува единствен регистар на медиуми.

“Сакаме да Ве информираме дека постојат и други регистри и саморегулаторни кодекси, како на пример регистарот и кодексот на ИАБ Македонија чии потписнички се согласни меѓусебно да ги регулираат и заемно да ги почитуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми, а кој може да го погледнете на следниот линк: https://www.iab.mk/etichki-kodeks/. – дополнуваат од IAB.

Дополнително, постојат и регистрирани онлајн медиуми кои не се дел од ниту еден регистар, а сепак ги исполнуваат условите за работа како онлајн медиум согласно важечките закони. Затоа, Ве замолуваме да ја преиспитате вашата Одлука и да се овозможи доделување на дозволи за сите онлајн медиуми кои се регистрирани како правни лица во РСМ и имаат импресум“.


Напомена: IT.mk и компанијата која управува со медиумот, IWM Network, се ко-основачи и активни членки на IAB Македонија, а воедно во сегашниот мандат имаат и претставник во Надзорниот одбор на здружението.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top