Љубителите на адреналин и брзина овој викенд имаа причина да се радуваат. Formula 1 и Nascar најавуваат дека натпреварите нема да запрат поради Ковид-19, но ќе бидат префрлени од асфалтот во виртуелниот свет. Викендот веќе се извозени и првите трки.
Ако не сте вљубеници во симулациите тогаш првата работа која ќе ве изненади е колку веродостојно се направени симулациите. Од самата патека, па се до ударите, трагите и чадот од кочење се беспрекорно направени и навистина е тешко да се поверува дека не гледаат предност на трка. Натпреварот беше во симулацијата F1 2019.
Викендов помеѓу натпреварувачите имаше возачи и познати личност адно Норис од Мекларен, Никола Латифи од Вилијамс, пејачот на One Directon Лијам Пејн беа дел од првата официјална виртуелна Formula 1 трка. Во 25% од круговите, или 14 круга најдобрата помина кинескиот тест возач на Рено Ганју Жу кој победи на оваа трка. Најинтересните моменти се достапни на видеото подолу.
За разлика од вистинските услови на стазата во симулацијата можеа да се додадат намалено оштетување на возилото, да се исклучи системот за ABS и слично.
Ако Formula 1 трките не ви се доволни и NASCAR организира виртуелни трки. Разликата е што наместо F1 2019 трките се во симулаторот iRacing.
Секако вистинската возбуда ќе ја доживееме на вистинските патеки кога ќе биде побезбедно, но дотогаш овие симулации ќе мора да бидат замена за спортот.