0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2015

CNN ќе ја пренесува претседателската дебата преку виртуелна реалност

Дебатата на кандидатите за преседател на САД од Демократската партија, ќе биде пренесувана во виртуелната реалност. CNN смета дека корисниците се подготвени за првиот стрим од виртуелната реланост. За првиот политички настан е одбрана дебатата од Лас Вегас.

Настанот е закажан за следната недела на 13 октомври, а CNN за овој потфат започна партнерство со NextVR. Први кои ќе можат да ја следат дебатата во виртуелната реалност се сопствениците на Samsung GearVR, а ќе треба да ја преземат апликацијата од продавницата на Oculus Rift.

Она што можеби е изненадување што првиот избор за пренос во виртуелната реалност на CNN е политичка дебата. Без разлика колку интересна е виртуелната реалност, во дебатата навистина нема што да допринесе. Гледачите ќе можат да бидат во улога на некој од присутните во живо, но и онака камерите и досега го овозможуваа ова. Иако од преносот во виртелна реално може да донесе поголем интерес за дебатата, дури кај корисниците кои вообичаено со незаинтресирани за овие настани.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}