Бесплатни фотографии и видеа со Pexels

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Многу фотографии и видеа подлежат под авторски права и не можете слободно да ги користите без да му платите на авторот или да побарате дозвола.

Pexels е веб сајт кој има милиони фотографии и видеа кои се поставени од автори кои дозволуваат бесплатна употреба без никакви ограничувања.

Со посетување на сајтот можете да видите што е тренди или ново во моментот, а штом кликнете на фотографија, можете истата да ја сместите во ваша колекција, да ја лајкнете, да ја споделите или бесплатно да ја преземете во најразлични резолуции.

Авторите чии фотографии, односно видеа ви се допаѓаат можете да ги заследите за да инстантно бидете информирани наредниот пат кога ќе се објави нешто ново од нив.

За пофалба е пребарувачкиот енџин кој на брз и ефикасен начин ви дозволува да го пронајдете баш тоа што го барате.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk