1 коментар 1 мин. читање

И Google работи на паметен часовник

По Apple и Samsung, со најава за паметен часовник излезе и Google, пишува Financial Times. Новиот уред не се изработува во X-lab туку од развојниот оддел на Android, тврдат неименувани извори запознаени со проектот. Со ова трите гиганти би им се придружиле на Nike и Sony кои веќе имаат паметни часовници, но и на часовникот Pebble кој собира пари преку Кickstarter.

Приказната ја потврдува и барање за патент на Google кој опишува часовник со процесор,  бежичен трансивер и интерфејс осетлив на допир. Часовникот ќе може да се поврзе на безжична мрежа. Има два дисплеја поставени еден наспроти друг, првиот како на стандардните часовници, а вториот е активен откако ќе го превртите екранот.

Доколку шпекулациите се покажат како точни ќе биде интересно да видиме во кој степен часовникот ќе се интегрира со Project Glass и паметните телефони, но како ќе се вклопи во Android екосистемот. Заедно со Project Glass ова ќе биде нов „wearable computer“ на коj ќе работи гигантот. Засега компанијата не ги потврдува или негира податоците, но доколку податоците се покажат како точни ова ќе биде ново поле на кое ќе си конкурираат со Apple, но и со Samsung. Часовникот најрано би можеле да го видиме ова лето велат извори на Android and Me.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top