Како да ја видите заборавената лозинка на WiFi преку вашиот Android телефон

2 коментари 1 мин. читање

Денес скоро секое кафуле, трговски центар, факултет… има своја WiFi мрежа, и бидејќи живееме во време кога ретко некој ќе се стрпи повеќе од 1-2 часа да не го провере својот Facebook или Twitter профил, често се закачуваме на некоја од тие мрежи. Со оглед на тоа дека не можеме да ги памтиме лозинките на сите локали каде што сме седеле, а истата ви е потребна за одредена работа, или вашиот пријател сака да се поврзи на интернет, најдовме интересн совет од HowtoGeek за како да стигнете до лозинката.

Најпрво, потребно е да ја преземете Root Browser Lite апликацијата која е достапна на Google Play. Откако ќе ја преземете, отворете ја апликацијата и отворете ја data → misc → wifi → wpa_supplicant.conf датотеката со некој од вашите омилени текст уредувачи. Во неа се впишани сите мрежи на кои се имате поврзано со сите нивни информации. Android уредот треба да биде рутиран.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top