Apple истражува начини како да го заштити iPhone-от од паѓање

Apple работи на технологија која ќе може да ги спаси следните iPhonе-и од оштетувања на кршливите компоненти. Технологијата треба првенствено да го заштити дисплејот, со тоа што ќе детектира кога уредот паѓа и ќе може да го измести тежиштето на телефонот, а со тоа и страната на која ќе падне, известува Appleinsider.

Со цел да се заштити телефонот и да се одреди неговата позиција во однос на земјата ќе се користат жироскопи, брзиномери, сензори за одредување на позицијата но и GPS и сензори за фотографирање. Сите овие сензори се поврзани со процесор кој врз основа на брзината, позицијата, и висината од земјата ќе донесе одлука како да го заштити уредот. Засега не постои точно определено решение што ќе се користи за поместување на телефонот кој паѓа но дел од предлозите се навистина интересни. Од тегови кој се поместуваат и вртат, крилца кој ќе излегуваат од страните, па се до канистри со гас, се предлозите кој може да се најдат во некоја од следните генрации iPhone.

Сепак начинот на кој телефонот ќе се заштитува главно ќе биде заштита на кршливите делови како дисплејот со тоа што телефонот би паѓал на задната страна или на некоја од страните.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk