2 коментари 1 мин. читање

Мicrosoft го претстави својот прв таблет компјутер

Surface е PC изграден за комплетно искуство со Windows 8, вели Microsoft за својот прв таблет компјутер со кој ќе влезе во пазарот на кој Android таблет компјутерите се прегазени од Apple iPad.

Surface работи на Windows RT, верзија на „осмицата“ која е оптимизирана за таблет компјутери сo Метро интерфејс и апликации на цел екран кои се користат со допир.

Хардверски гледано, Surface има 10,6 инчен екран, исто тежи и е тенок oтприлика како iPad, односно 676 грама и 9,3 милиметри, има microSD и USB 2.0 портови, со 32 или 64 GB простор. Има две верзии на Surface. Втората е Pro верзијата која доаѓа со 128 GB и малку подобри перформанси и додатни апликации. Моделите ќе работат на ARM и на Intel Core процесори.

Најинтересно кај Surface е што доаѓа со потпирач и тастатура за да може да се подеси како лаптоп компјутер. Тастатурата е вградена во заштитната кутија на таблет компјутерот за да може да се носи секаде.

Microsoft не ја откри цената на Surface, но рече дека ќе биде конкурентна со таблет компјутерите кои работат на ARM процесори.

[youtube]dpzu3HM2CIo[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top