Новата панорамска фотографија на Лондон е 320 гигапиксели и е составена од 48.640 фотографии, што е нов рекорд за најголема фотографија во светот. Да ја ставиме големината во перспектива, ако се обидете да ја испринтате фотографијата ќе биде со големина од 98 на 23 метри што е речиси колку Бакингемската палата. Зумот може да прикаже детали и на одалеченост од 32 километри.
Автори на фотографијата се Џефри Мартин, Холгер Шулце и Том Милс кои во период од три дена ги направиле фотографиите од BT кулата во Лондон, со Canon EOS 7D. Фотографите се од компанијата 360 cities која е специјализирана за ваков вид на фотографии.
Фотографијата можете да ја разгледате на BTlondon.
[youtube]GQGVBRDSWo0[/youtube]