Hyundai ќе произведува „Iron Man оклоп“

1 коментар 1 мин. читање

Јужнокорејскиот гигант во автомобилската индустрија Hyundai најави дека во блиска иднина би можеле да започнат со производство на егзоскелет со кој луѓето ќе можат да управуваат и ќе им овозможува да креваат товар од неколку стотици килограми.

Компанијата не бега од споредбата со Iron Man, дури и самите ја споделија сликата од филмот на својот блог. Креирањето на ваков егзоскелет најверојатно би имал примена во армијата, во фабрики и магацини или ќе им биде од корист на тимовите за спасување. Освен Hyundai на слична технологија работат и Audi, BMW и Panasonic, јави Verge.

Изгледа дека новиот егзоскелет е надградба на претходникот, кој беше наменет за лица со инвалидитет, а ќе помага да им овозможи повторно движење.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед