Државите членки на Европската Унија се договорија на задоволство на Европјаните. Предлогот предвидува дека државните граници повеќе нема да бидат пречка за дигиталните содржини во Европа. Освен за Netflix услугата важи и за останатите слични сервиси како, Sky TV Now, ProSiebenSat, MaxDome… кои ќе им дозволат на корисниците да имаат пристап до иста соджина без разлика во која од државите-членки се наоѓаат, вели Reuters.
Очекувањата се дека Министерскиот совет ќе го усвои заклучокот на 26-ти мај, а мерките ќе бидат во сила од 2017 година. Со ова ќе бидат отстранети добар дел од дигиталните граници во Европа. Во 2017 е предвидена и последната фаза од планот за укинување на роаминг помеѓу државите членки.
Но, се чини дека од мерката со која се рушат границите за содржина, нема да биде прифатена со воодушевување од сите. Издавачите нема да добиваат повисока цена за програмата доколку ексклузивно ја продаваат во Германија или Франција, доколку истата може да се купи во Бугарија или Хрватска, за далеку пониска сума.