Сајтот за продавање евтини пакети од исклучително квалитетни игри, Humble Bundle, објави дека сериозно запливува во водите на издаваштвото и дека лансира мулти-милионски програм за игри во различни жанрови и за различни платформи.
Според изјавата, Humble Bundle ќе започне со издавање седум игри, но ќе нуди издавачки услуги за време на GDC и PAX East настаните. Дополнително, тазе-испечените издавачи веќе дозволуваат пријави од страна на девелоперите.
„Она што издаваштвото нам ни дозволува да направиме нешто поразлично е да им помогнеме на девелоперите пред излегувањето на играта, но и да им понудиме гаранција на гејмерите дека ќе играат одлични игри кои се препознатливи за нашиот бренд“.
Од Humble Bundle дообјаснуваат дека тие се во уникатна можност да им дозволат на издавачите да изберат што сакаат од нив како издавачи, затоа што HB нудат финансирање во зависност од самите потреби на развивачкото студио и дека изборните услуги кои ги нудат се движат од портување игри, преку локализација, па сѐ до маркетинг и слични активности кои се бараат за издавање на игри на денешниот глобален пазар.
Humble Bundle постои уште од 2010 година. Започна со продавање скромни пакети од инди игри и набргу ги прошири операциите и со продавање пакети од стрипови, списанија, книги, мобилни игри, а отвори и специјализирана продавница за дигитални игри. Со оглед на квалитетот и ниската цена, како и можноста за донирање дел од средствата за добротворни цели, Humble Bundle успеа за краткото време да придобие над 10 милиони муштерии.
Сите од првите седум игри ќе излезат во 2017 година, а она што следи се нивните трејлери.
A Hat in Time – 2017
HackyZack – пролет 2017
Ikenfell – лето 2017
Нема трејлер
Keyboard Sports– есен 2017
No Truce with the Furies – есен 2017
Scorn – зима 2017
Staxel – зима 2017







