0 коментари 1 мин. читање

Forward е амбуланта на иднината

Forward е медицински стартап основан од Андриан Аун, поранешен вработен во Google. Засега имаат само една отворена амбуланта, но наликува дека во иднина би можеле да го променат целиот здравствен систем.

Дека не станува збор за обична платформа може да се забележи уште по самиот изглед. Амбулантата на Forward повеќе наликува на салон на Apple отколку на канцеларија. Главна цел на стартапот не е лечење, туку превенција на болестите, а од стартапот се сериозни кога зборуваат за превенција и постојано ги надгледуваат пациентите.

Најновата технологија им е достапна на пациентите и на лекарите. Разговорите со лекарот се снимаат, говорот се препознава и се внесува во картата на пациентот, заедно со сите податоци.

За жал, услугата за која се плаќа претплата не може да го замени здравственото осигурување, а претплатата на покрива ништо освен превентивните прегледи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top