0 коментари 2 мин. читање

Humble Bundle започна со нов програм за финансирање и објавување игри

Сајтот за продавање евтини пакети од исклучително квалитетни игри, Humble Bundle, објави дека сериозно запливува во водите на издаваштвото и дека лансира мулти-милионски програм за игри во различни жанрови и за различни платформи.

Според изјавата, Humble Bundle ќе започне со издавање седум игри, но ќе нуди издавачки услуги за време на GDC и PAX East настаните. Дополнително, тазе-испечените издавачи веќе дозволуваат пријави од страна на девелоперите.

„Она што издаваштвото нам ни дозволува да направиме нешто поразлично е да им помогнеме на девелоперите пред излегувањето на играта, но и да им понудиме гаранција на гејмерите дека ќе играат одлични игри кои се препознатливи за нашиот бренд“.

Од Humble Bundle дообјаснуваат дека тие се во уникатна можност да им дозволат на издавачите да изберат што сакаат од нив како издавачи, затоа што HB нудат финансирање во зависност од самите потреби на развивачкото студио и дека изборните услуги кои ги нудат се движат од портување игри, преку локализација, па сѐ до маркетинг и слични активности кои се бараат за издавање на игри на денешниот глобален пазар.

Humble Bundle постои уште од 2010 година. Започна со продавање скромни пакети од инди игри и набргу ги прошири операциите и со продавање пакети од стрипови, списанија, книги, мобилни игри, а отвори и специјализирана продавница за дигитални игри. Со оглед на квалитетот и ниската цена, како и можноста за донирање дел од средствата за добротворни цели, Humble Bundle успеа за краткото време да придобие над 10 милиони муштерии.

Сите од првите седум игри ќе излезат во 2017 година, а она што следи се нивните трејлери.

A Hat in Time – 2017

HackyZack – пролет 2017

Ikenfell – лето 2017

Нема трејлер

Keyboard Sports– есен 2017

No Truce with the Furies – есен 2017

Scorn  – зима 2017

Staxel – зима 2017

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top