Huawei ќе инвестира 2 милијарди дoлари во онлајн безбедност

во Вести

Image courtesy of Huawei

Во следните 5 години Huawei ќе инвестира 2 милијарди долари за развој на онлајн безбедноста. Најголем дел од овие средства се во надградба на постоечките и градба на нови лаборатории и екипирање со кадар.

Компанијата ја искористи прес-конференцијата и за дополнителни објаснувања за дел од проблемите кои се актуелни во моментов. Huawei е исклучен од можност да учествува на тендери за изградба на 5G мрежа во САД, Австралија и Нов Зеланд. Сепак иако овие пазари остануваат надвор од дофат компанијата барем засега не мора да стравува. Компанијата веќе има 25 договори за изградба на 5G мрежа, иако 22 се во Кина. Huawei оваа година очекува приходи од 100 милијарди долари.

Лоша вест секако е дека неколку телекоми ја прекинаа соработката со Huawei. Помеѓу нив британски BT Group, француски Orange, јапонскиот SoftBank, а Deutsche Telekom ја проценува состојбата.

„Забраната некоја компанија да учествува на пазарот не влијае на сајбер безбедноста . Отстранување на конкуренцијата нема да ве направи подобри учесници“, вели Кен Ху, претседател на одборот на компанијата.

Huawei повтори дека ниту соработува, ниту има некакви барања од властите во Кина. Дополнувајќи дека иако последниве 3о години има обвинувања за истите нема никаков доказ, пренесе Nikkei Asian Review.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments