0 коментари 1 мин. читање

HTML и CSS со Никола – Креирање на табели во HTML и вовед во Emmet

Во ова видео од HTML и CSS туторијалите ќе се запознаеме како се креираат и кои се основни тагови за креирање на HTML табели. Иако не се фокус на епизодата, за првпат во туторијалите ќе се запознаеме и со атрибути и како се користат.

Во ова видео ќе се запознаеме и со популарната екстензија за побрзо пишување на код, Emmet. Екстензијата овозможува побрза работа дури и ако се користат најосновните команди.


Никола Ѓоргиев е фронт-енд девелопер кој своето C#, Unity, JavaScript и React искуство ги споделува со сите преку туторијали на својот YouTube канал. Овојпат, Никола го споделува своето искуство со HTML/CSS, како вовед во продолжување на React туторијалите. Во моментов Никола е сениор фронт-енд девелопер во Dept.

Видеата се одлично склопени, едноставни за разбирање, и што е вистинска реткост, на македонски.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top