HTC и Sharp претставија уреди со следна генерација на 1080p HD екрани

Avatar img-thumbnail img-circle

во Мобилни, Хардвер

HTC и Sharp најавија нови уреди во кои ќе се употребува новата генерација на екрани со висока резолуција, дури до 1080p. Првите уреди кои ќе го имаат овој дисплеј се HTC J Butterfly и Aquos Pad SHT 21 од Sharp.

Екранот на HTC Ј Butterfly ќе има 440 пиксели на инч и со тоа ќе биде најдобар екран на телефоните до сега.  Екранот е 12,7 cm (5-инчи) што го става телефонот во класа со Samsung Galaxy Note 2, иако HTC Ј сепак е помал.

HTC вели дека големината и резолуцијата на екранот е идеална за 1080р филмови. Поголемата „збиеност“ на пикселите ќе овозможи корисниците да го приближат телефонот до лицето без притоа да ги разликуваат обоените блокови од кои е составена сликата. Телефонот ќе доаѓа со четири јадрен Snapdragon процесор, Android 4.1, 2 GB RAM и 16GB простор.

Новиот таблет компјутер на Sharp ќе биде првиот уред кој ќе ја користи новата Igzo (индиум, галиум, цинк оксид) LCD технологија. Оваа технологија овозможува светлината полесно да поминува кај Igzo LCD екраните, што значи дека ќе бидат потребни помалку диоди за осветлување, а тоа ќе предизвика помали димензии, но и енергетски поефикасни дисплеи. Igzo TFT дисплеите заштедуваат речиси 40 отсто енергија во однос на стандардните TFT екрани.

Sharp е горд и на прецизноста при ракување со екранот на допир за кој тврдат дека е подобра од било кој уред на конкуренцијата. Сепак најпотенцираната предност на уредот е тоа што сега батеријата на Aquos Pad  ќе трае 2-2,5 пати подолго. Освен нови екрани на уредите им е заеднички и Snapdragon процесорот, но таблетот компјутерот на Sharp ќе има двојадрен процесор. Aquos Pad ќе доаѓа со Android 4.0, 1 GB RAM и 16 GB слободен простор.

HTC J ButterFly барем засега е планиран за Јапонија во декември, остатокот на светот најверојатно ќе го добие телефонот наскоро по јапонското деби. За истиот период е најавен и Aquos Pad и повторно дебито ќе биде во Јапонија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments