Дали ви е јасна разликата помеѓу Windows 8 и Windows RT оперативниот систем? Објаснувањето кое најчесто го дава Microsoft е дека Windows RT е „полесна верзија“ на Windows 8. Но таквото објаснување е збунувачки не само за корисниците, туку и за вработените на Microsoft кое ќе одат на обука за да ги научат разликите пред да го продаваат оперативниот систем.
Eдна од најважните разлики е дека на Windows RT ќе може да работат единствено апликации од Windows Store. За разлика од RT за Windows 8 не е прецизирано дека апликациите или програмите мора да бидат од Windows Store. Како последица на ова, на Windows 8 може да се инсталираат x86/64 и десктоп апликации додека на Windows RT ќе морате да преземате апликации од Windows Store. Покрај ова на Windows 8 Pro ќе работат и апликациите кој сте ги користеле и досега, што нема да биде случај со Windows RT.
Ако сè уште не ви е јасна разликата помеѓу оперативните системи не морате премногу да се грижите за тоа. Истражувањето на the Verge покажа дека ниту грижата за корисници на Microsoft нема идеа за кои се разликите. На помалку од 10 дена пред излегување на оперативниот систем најголем број на претставниците не можат точно да одговорат на клучното прашање – која е разликата помеѓу Windows 8 Pro и Windows RT оперативниот систем?
По истражувањето на the Verge, Microsoft го препозна проблемот и излезе со соопштение во кое изјавија дека до 26 октомври сите претставници ќе посетат 15 часовна обука. Обуката ќе им овоможи на вработените да им помогнат при изборот на купувачите околу прашањата кој од таблет компјутерите е најдобар за нив.