Прв поглед на Mozilla Firefox Marketplace за Android

во Мобилни, Софтвер

Mozilla го отвори својот Marketplace за тестирање на Firefox Aurora прелистувачот за Android уреди. Преку оваа продавница можат да се симнат мобилни веб апликации изградени со веб технологија како HTML, JavaScript и CSS. Овие апликации ќе работат на „fullscrean” и ќе можат да се закачат како виџети на домашниот екран.

Дизајнот на Firefox Marketplace е едноставен и минималистички. Најгоре има истакнати одберени апликации, а кагетегориите можат да се видат подолу. Категориите во моментов се исполнети со основни бесплатни апликации како дигитрони, речници и календари и понекоја апликација за друштвените мрежи. Mozilla во својот блог пост вели дека ја објавува оваа тест верзија за да собере информации од програмерите за дизајнот, функционалноста и содржината која е објавена во продавницата.

По тестирањата, Mozilla ќе понуди и разни API-ја со кои програмерите ќе можат да пријавуваат апликации, но и да поставуваат системи за плаќање. Ќе бидат додадени и опции за рејтинг, рецензии и „уште нешто повеќе“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments