HTC ги претстави BoomBass звучниците за да го појача звукот на паметните телефони

0 коментари 1 мин. читање

Заедно со HTC Desire 601 и HTC Desire 300, тајванскиот производител на мобилни телефони го претстави BoomBass додатокoт за паметните телефони кој овозможува одлични музички перформанси за телефоните со два предни звучници, вели The Next Web.

BoomBass го прави токму тоа што името го надовестува. Уредот е субвуфер кој со помош на вградениот засилувач ги репродуцира звуците со ниска фреквенција. BoomBass доаѓа и со сопствена батерија, што значи дека нема непотребно да ја празни батеријата на телефонот. Батеријата може да го напојува уредот околу 9 часа. Поврзувањето со телефонот е преку NFC, а звуците се испраќаат преку Bluetooth 3.0. Цената, датата на излегување и деталите за уредот засега се непознати, иако Engadget доаѓа до податок дека BoomBass ќе излезе во октомври.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top