И Google подготвува паметен часовник. Android уредот е креација на WIMM Labs кои го претставија во 2011-та година за бргу потоа да го затворат стартапот. Сега GigaOm открива дека технологијата на WIMM е купена од Google уште пред една година, а тимот зад стартапот сега работи заедно со Android тимот во развивање на платформата.
Тоа што е интересно со WIMM е што покрај паметен часовник тие развија и неколку апликации и платформа за програмери кои сакаат да креираат таканаречени „микро апликации“. Овие апликации, кои може да ги видите на WIMM продавницата која е сè уште на веб, се мали фитнес апликации, компаси и апликации за нотификации и известувања поврзани со друштвените мрежи и контактите. За Google овие апликации се клучни да го популаризираат овој додаток на паметните телефони, бидејќи без апликации тој е само часовник, само бројки што покажуваат време. Апликациите секако ќе му дадат на Google предност пред Samsung кои го најавија својот Galaxy Gear за 4-ти септември. Gear ќе работи на Android, но ќе доаѓа со Samsung Store, не Google Play, што значи дека Samsung сам ќе креира и промовира апликации за својот паметен часовник.








