0 коментари 2 мин. читање

Хрватските стартапи Habbits и Cinematic добија 30.000 евра инвестиција од бугарскиот Launchub

Хрватските стартапи Habbits и Cinematic се најдоа на листата на девет стартапи кои ќе бидат поддржани со 30.000 евра од бугарскиот инкубатор LAUNCHub кој од неодамна влезе во партнерство со светски познатиот Seedcamp. Освен инвестицијата, двата хрватски и седум бугарски стартапи ќе бидат поканети на двомесечен менторски тренинг во Софија

Habbits е мобилна друштвена игра од IT4U која ги учи децата на навика така што им дава обврска да чуваат виртуелни миленичиња. Ќе функционира на „freemium” модел, што значи ќе биде бесплатна, но ќе има микротрансакции во играта да се купат дополнителни миленичиња за по еден долар. Според LAUNCHub, Habbits се најде на листата на поддржаните девет стартапи поради „искусниот тим на претприемачи“ и комбинацијата на забава и практичност за помалите корисници. Интересно, Стевица Кухарски од IT4U изјави за Netokracija дека се запознал со менаџерот на LAUNCHub, Румен Илиев, на Balkan Venture Forum кој се одржа во Скопје.

[youtube]Qi3ERYlCvJM[/youtube]

Вториот поддржан стартап од Хрватска, Cinematic е апликација на компанијата Virtuelni Atelier. Aпликацијата е мобилна друштвена мрежа за филмските ентузијасти. LAUNCHub вели дека Cinematic е изберана поради корисното решение и друштвениот аспект за заинтересирана публика од многу земји во Европа.

[youtube]r58T3nWIraI[/youtube]

Сите останати седум од девет стартапи кои ќе ги поддржи LAUNCHub се од Бугарија. Тоа се: AZ4CAST што е софтвер за бизнис анализа и предвидување на пазарот; Coherent Labs кој претстави нов кориснички интерфејс за дизајнери на игри користејќи HTML5 и CSS3 веб технологија; Deed е стартап кој креира платформа за организирање на натпревари, ID2Dоc е решение за побрзо вчитување на лични карти и пасоши користејќи скенер; KBLE е патентирана технологија за пребарување преку слики и видеа, како и споделување на линкови; Уча се е онлајн едукативна платформа за школи која веќе функционира во Бугарија; Useful At Night е друштвена мрежа за наоѓање на журки.
Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top