Хрватскиот стартап vHearth преку телефонот ви овозможува кардиолог во вашиот џеб

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Image courtesy of vHeart / YouTube

Хрватскиот стартап vHeart во иднина на многу пациенти болни од срцеви заболувања ќе им помогне да бидат поспокојни. Благодарение на технологијата, тие ќе бидат во постојан контакт со својот кардиолог, нешто како кардиолог во џебот.

Стартапот е основан од Нина Шесто, научник, која го осмисли целиот проект, пишува Netokracija.

Станува збор за комбинација од медицинско помагало и апликација за паметен телефон. Кога пациентот се чувствува лошо може да го постави vHeart. Потоа уредот ги испраќа податоците до телефонот на анализа. Ако се е во ред, тогаш нема никаков проблем и корисникот може да биде спокоен. Ако има проблем, апликацијата веднаш податоците ги испраќа до кардиологот кој ако оцени дека има потреба веднаш ќе го контактира пациентот.

Стартапот неодамна успешно го заврши првото претставување пред лондонскиот акцелератор Startupbootcamp и ќе биде дел од InsurTech 2018 програмата.

Во моментот компанијата работи на минимална верзија на производот која може да биде претставена (MVP). Во соработка со медицински центар, стартапот од следната година започнува пилот проект.

„Нашата визија е диструпција на медицината со помош на користење на нови технологии, првенствено машинско учење и вештачка интелигенција. Првичната услуга на која работиме е вештачка интелигенција за автоматизација на дијагностика на болестите на срцето од 12-канален електрокардиограм, кој ќе овозможуа скалабилно мониторирње на кардиоваскуларните пациенти“, вели Нина Шесто.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk