UniqueMove е хрватски стартап кој сака да им помогне на корисниците да ја подобрат својата кондиција, да ги изгубат килограмите или да ја развијат својата мускулатура. За разлика од останатите фитнес сервиси UniqueMove е посветен на секој поединечен корисник кој добива персонализиран план за тренинг.
[youtube]SrvVqSFgqug[/youtube]
„Во моментов најголем дел од работите со клиентите ги решаваме преку имејл, меѓутоа секој од нив ќе добие календар со распоред на тренингот, линкови до сите вежби кои го чекаат во идните недели, односно видео и инструкции како се прави вежбата, својата моментална физичка состојба – местоположба во табелите во зависност од висината, тежината, крвниот притисок, пулс, како и генерален опис на исхраната, односно што треба да јадат, а што да избегнуваат“, вели Свен Капуџија во интервју за Netokracija.